172
Продавачите во Русија забележуваат зголемена побарувачка за ѓумбир, како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопштија претставниците на трговската група X5 и официјалните застапници на ланецот супермаркети „Магнит“.
„Бележиме зголемена побарувачка за ѓумбир бидејќи клиентите во желбата да се заштитат себеси од инфекција, го зајакнуваат нивниот имунолошки систем“, рече портпаролот на компанијата „Магнит“.
Претставниците на Групата X5 велат дека компанијата се обидува да го договори увозот на ѓумбир од нови земји затоа што епидемиолошката состојба е неповолна во земјите од каде се увезува.