Русите потврдија дека се повлекле од Лиман

од Nikola Popovski

„Поради закана од опкружување, сојузничките сили го напуштија Лиман и се повлекоа на поповолни линии“, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Соопштението дојде откако Украинците објавија дека ги опколиле руските сили во Лиман.

Сега кога Украинците влегоа во Лиман, тие се во добра позиција за понатамошно продирање во регионот на Луганск.

Русите претходно изјавија дека со удари врз позициите на 66-та и 93-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина во петокот уништиле повеќе од 200 загинати војници, пет тенкови и девет пешадиски борбени возила.

– И покрај добиените загуби, имајќи значителна супериорност во сили и ресурси, непријателот доведе резерви и ја продолжи офанзивата во оваа насока, додаваат од тамошното Министерство за одбрана.

Слични содржини