Русите сакаат да организираат посебен турнир, го канат и Ѓоковиќ

од Nikola Popovski

Тениската федерација на Русија сака да организира турнир во Москва, а челниците планираат да го поканат Новак Ѓоковиќ како учесник и специјален гостин.

Поради војната во Украина, руските и белоруските тенисери имаат забрана за учество на овогодинешниот Вимблдон, а доколку се остварат пишувањата на руските медиуми и се одржи турнир во Москва, превирањата во тенискиот свет би можеле да бидат уште поголеми.

Членот на Тенискиот сојуз на Русија, Владимир Камелзон откри дека преговара со српскиот тенисер за учество на турнирот.

„Тенискиот Сојуз на Русија и Москва подготвуваат програма за развој на нашиот спорт во блиска иднина. Сега работиме на отвореното првенство во Москва, кое најверојатно ќе се вика Капитал куп. Ќе поканиме играчи од Белорусија, Кина, Казахстан, Узбекистан, Турција и други земји. Во тек се преговори со Новак Ѓоковиќ“, изјави Камелзон.

Засега се шпекулира дека турнирот ќе се игра на лето, но се уште ништо официјално не е потврдено.

Слични содржини