Русите се повлекуваат од Нова Каховка

од Stefanija Kuzmanovska

Официјални лица на руската воено-цивилна администрација на Нова Каховка го напуштија овој втор по големина град во областа Херсон на левиот брег на реките Дњепар, поради постојаното гранатирање на Украина, преместувајќи се во побезбедни области на регионот, објави прес-службата на администрацијата.

„Ројтерс“ јавува дека илјадници жители заминале со администрацијата.

„По добро познатите настани од 11 ноември, кога руските војници се повлекоа од десниот (западниот) брег, Нова Каховка беше под директен оган од артилерија од голем калибар и минофрлачи на украинската армија“, се вели во соопштението на администрацијата.

Ова, во голема мера, придонесе животот во градот да биде небезбеден, се додава.

Слични содржини