Русите шокирани од „понуда“ на Баерн: 1.000 евра отштета за играч

од Vladimir Zorba

Рускиот фудбалски прволигаш Спартак Москва на својот Твитер објави шокантна „понуда“ што ја добил од Баерн.

Баварците им „понудиле“ отштета од 1.000 евра на Русите за нивниот играч Александар Соболев.

„Ви нудиме 1.000 евра плус бонуси: 10 милиони евра ако Баерн ја освои Евровизија, 15 милиони евра ако Манчестер Јунајтед освои трофеј и 20 милиони евра ако Лионел Меси се пресели во Реал Мадрид“, стои во „понудата“.

Спартак ја проследи со многу прашалници, не верувајќи дека Баерн се впуштил во вакво нешто.

Очигледно е дека ова е еден вид потсмев, бидејќи Соболев е играч чија пазарна вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на осум милиони евра и секако нема шанси Спартак да го пушти за милион евра, а камоли илјада евра.

Некој сакал малку да се пошегува и со Баерн и со Спартак, па меѓу другото закачил и погрешен грб. Имено, Баварците имаат пет ѕвезди на сегашниот грб.

Слични содржини