Русите стравуваат: Снимена чудна светлина на небото, дали се тестира опасно оружје? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи кружат фотографии, наводно направени во Москва и Омск, на кои се гледа чудна жолто-зелена светлина која го осветлува небото.

Светлината, наводно, била видена и од Белгород, град во близина на границата со Украина.

Граѓаните објавуваат фотографии и видеа на Твитер, но никој нема објаснување што се случило.

Во коментарите поединци изразија стравување дека Русите тестирале проектили или некое друго опасно оружје, но нема потврда за тоа.

Кремљ не даде официјална изјава во оваа прилика.

Иако нема потврда дека било тестирано оружје, на социјалните мрежи се шпекулира дека оваа светлина е знак дека Русите користеле ласерско оружје, поточно систем наречен „Пересвет“, кој беше претставен во март 2018 година, пренесува „Т-Онлајн“.

Се вели дека може да ги заслепува и оневозможува непријателските системи на оддалеченост до 1.500 километри.

Слични содржини