Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Русите тестираат вакцина против корона на крајот на јули: Дали ова е клучниот момент во борба против болеста?

Русите тестираат вакцина против корона на крајот на јули: Дали ова е клучниот момент во борба против болеста?

Компанијата „Биокад“ ќе ги започне клиничките испитувања на вакцината против новиот вирус корона во Санкт Петербург на крајот на јули, соопшти прес-службата на таа руска фармацевтска компанија.

„Завршената доза за тестирање ќе ја испратиме до Новосибирск за тестирање до крајот на овој месец. Клиничките испитувања во кои ќе бидат вклучени здрави волонтери ќе бидат спроведени на посебна група во Санкт Петербург и таа ќе започне кон крајот на јули“, соопшти компанијата во средата.

Прес-службата изјави дека официјалните претклинички испитувања ќе започнат уште овој месец.

„Вектор“ ќе ги тестира заштитните својства на вакцината, додека „Биокад“ ќе се занимава со истражувања поврзани со безбедноста на вакцината за употреба и да дизајнира клинички тестови, пренесува ТАСС.

loading...