Русите тврдат: Уништивме баталјон со тенкови од С. Македонија и Словенија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Руските падобранци уништија баталјон од украински вооружени формации, кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови.

РИА Новости објави видео од уништената опрема веднаш по битката.

Како резултат на успешната одбрана, пишува провладината агенција, една од десантните единици на руската армија целосно го уништи првиот механизиран баталјон на 28-та посебна механизирана бригада на украинската армија, заедно со тенковите Т-72 кои беа доставени на Украина во програмата за воена помош од земјите на НАТО.

Слични содржини