Русите велат дека имало експлозив во дронот кој се урна кај Москва: Украинците негираат вмешаност

од Stefanija Kuzmanovska

Руските медиуми јавуваат дека вработени во Федералната служба за безбедност при проверка на беспилотното летало кое падна во близина на Москва, во него пронашле експлозив.

Според нив, во дронот биле пронајдени два експлозиви С-4 со вкупна тежина од околу 1 килограм и четири полнења за рачен противтенковски фрлач на гранати. Тие инсистираат на тоа дека соборениот авион бил од странско потекло и дека беспилотните летала од овој тип ги произведува украинска компанија.

Сепак, украинската страна целосно ги демантира информациите дека собореното летало ѝ припаѓа на Украина.

Михајло Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, изјави дека Украина не ја напаѓа Русија, туку води одбранбена војна со цел да ги деокупира сите нејзини територии и истакна дека тоа е аксиома.

Дополнително, Подољак изјави дека во Русија растат процесите на паника и дезинтеграција, чија манифестација е зголемување на внатрешните напади од неидентификувани воздушни објекти врз инфраструктурни објекти.

Слични содржини