Руската енергетска компанија „Роснефт“ објави дека открила огромно наоѓалиште на нафта во Печорското Море, кое содржи дури 82 милиони тони нафта!

Нафтеното поле е откриено благодарение на кампањата за дупчење во областа Мединско-Варандеј, пренесува „Русија денес“. Компанијата „Роснефт“ излезе со официјално соопштение за најновото откритие на нафта.

„При тестирањето е добиен слободен проток на нафта со максимален проток од 220 кубни метри дневно. Нафтата е ‘лесна’, со ниска содржина на сулфур и низок вискозитет“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата „Роснефт“ е во сопственост на блискиот соработник на Путин, олигархот Игор Сечин. Според проценките на експертите, Русија ќе инкасира околу 56 милијарди долари доколку најдената нафта ја продаде по сегашната цена.

Слични содржини