Руска инфлуенсерка плаче и се збогува со Инстаграм: „Тоа е мојот живот, мојата душа“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Откако им беше претходно кажано дека од денес во Русија ќе бидат затворени 80 милиони профили на Инстаграм, многу инфлуенсерки и инфлуенсери беа загрижени за нивната иднина. Една од нив привлече посебно внимание бидејќи со солзи објасни дека тоа за неа е повеќе од заработка.

Инфлуенсерката од Русија не криеше колку ја погоди одлуката за забрана на социјалните мрежи во земјата која ја нападна Украина. Плачејќи, таа објасни како моментално минува низ тешки моменти, а набрзо предизвика гнев кај јавноста.

-Дали мислите дека за мене како инфлуенсерка дека Инстаграм е само извор на приход? За мене Инстаграм е живот, мојата душа. Се будам и лежам со него во последните 5 години“, објасни таа плачејќи.

Нејзиното видео беше споделено од „Nexta“, агенција чија цел е да го открие вистинскиот живот под владеењето на Путин, а го погледнале над 1,7 милиони луѓе. Во описот „Nexta“ додаде дека оваа Русинка очигледно не се грижи за оние кои секојдневно ги губат животите во Украина.

„Изгледа дека не се грижи за илјадниците загинати луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сонародници. Нејзината единствена грижа во моментов е што нема да може да објавува фотографии од ресторанот“, напишале од таму.

Иако Русинката веројатно сакала да предизвика сожалување, добила само остри коментари.

„Нека дојде во Харков, Инстаграм функционира таму“, ѝ рекол еден корисник, а некои ѝ оставиле видеа и фотографии од гранатирање и убивање цивили во коментари, велејќи ѝ дека ова е вистинска глетка за жалење.

 

Слични содржини