Руска нутриционистка препорачува магично овошје за слабеење

од Nikola Popovski

Секојдневната употреба на ананас многу ќе помогне во слабеењето, смета нутриционистката Ирина Степна.

„Ананасот е складиште на витамини Б, Ц, А и микроелементи, како што се: железо, магнезиум и калциум. Ананасот им го препорачувам на луѓето кои сакаат да ја подобрат работата на цревата, како и на оние кои имаат проблеми со надуеност и запек“, потенцира докторката.

Таа изјавила и дека им препорачува ананас во количина до 150 грама дневно на жените и девојките кои сакаат да ослабат.

-Најдобро е да го консумирате со млечни производи, бидејќи така ќе добиете диетален оброк со сите корисни микроелементи кои се неопходни за убавина и здравје, нагласува докторката во изјава за „Спутник“.

Таа додала дека ананасот може да предизвика контраиндикации кај луѓето кои имаат алергии и страдаат од гастритис и чир на желудникот.

Слични содржини