Руска вакцина против Ковид-19: Путин како Џејмс Бонд

од Nikola Popovski

Францускиот весник „Liberasion“ на насловната страница објави фотографија на рускиот претседател Владимир Путин облечен како тајниот агент Џејмс Бонд.

Притоа, Путин наместо пиштол држи инјекција со руската вакцина против коронавирусот.

Фотографијата е потпишана „Tomorrow never dies“, што е наслов на еден од филмовите на Bејмс Бонд.

Весникот посвети четири страници за развојот на руската вакцина и ситуацијата со епидемијата во Франција.

A la une de Libé demainVladimir Poutine a cherché à prendre de court le monde entier en annonçant la mise au point de…

Публикувахте от Libération в Вторник, 11 август 2020 г.

Што пишува во написот?

Авторите на материјалот објаснуваат дека вакцината е именувана по вештачкиот сателит, кој „го изненадил целиот свет со претекнување на Американците во вселенската трка во октомври 1957 година“.

„Брзината со која рускиот претседател ја објави (вакцината) е изненадувачка. Брзина или брзање? Светската здравствена организација реагираше многу претпазливо на руските изјави … Постојат сомнежи за сериозноста на клиничките испитувања “, стои во написот.

Весникот објави и напис на швајцарскиот генетичар Франсоа Балу, кој објавата за создавање руска вакцина ја нарече опасна, сметајќи ја дека е последица на „политичка одлука применета во луда трка“.

По објавувањето на руската вакцина, на социјалните мрежи се појавија разни илустрации, на кои е прикажан Путин со вакцината. На една од нив, Путин го вакцинира американскиот претседател Доналд Трамп, а на друга, тој јава мечка и носи вакцина.

Слични содржини