Руската антимонополска служба ја казни компанијата Епл со 17 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Федералната антимонополска служба (ФАС) ја казни компанијата „Епл“ со 1,2 милијарди рубљи (околу 17 милиони долари) поради принудното користење на својот систем за плаќање во апликациите на руските програмери, соопшти денеска тоа регулаторно тело, пренесува РИА Новости.

Американската компанија беше прогласена за виновна за кршење на антимонополските закони во јули 2022 година, бидејќи дистрибуцијата на мобилни апликации на „Епл“ преку оперативниот систем iOS им даде конкурентна предност на сопствените производи во однос на понудите на ривалските компании.

Во јули, регулаторот, кој ја призна американската компанија како прекршител на антимонополските закони, посочи дека казната, за која дополнително ќе се преговара, ќе изнесува 0,01-0,15% од годишниот приход на компанијата во Руската Федерација.

Слични содржини