Руската армија тврди дека уништила голема пратка оружје од Западот за Украина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Руската војска во саботата соопшти дека уништила голема пратка западно оружје во Житомир, Украина, западно од Киев, користејќи ракети Калибар.

Во соопштението на тамошното Министерство за одбрана се наведува дека е погодено „големо количество оружје и воена опрема испорачана од САД и европските земји“ наменети за украинската армија во источниот регион Донбас, каде што се водат битки.

Ројтерс не можеше да го потврди извештајот, во кој исто така стои дека руски ракети погодиле складишта за гориво во близина на Одеса на брегот на Црното Море и собориле два украински авиони Су-25 и 14 беспилотни летала.

Во својот последен извештај за војната, која Русија редовно ја нарекува „специјална воена операција“, Министерството за одбрана, исто така, рече дека Русија погодила многу украински командни пунктови.

Западот и доставува оружје на Украина од 24 февруари, кога започна инвазијата, а руската војска се обидува да ја пресретне и да го уништи оружјето.

Москва тврди дека САД и нивните сојузници предизвикуваат „војна преку посредници“ со испраќање оружје во Киев и воведување драстични санкции кои сакаат да ја уништат руската економија.

Слични содржини