Руската банка Санкт Петербург одлучи да ја тужи Белгија за блокирање на сметката

од Radmila Tasevska

Банката Санкт Петербург одлучи да ја тужи Белгија, поради приближно 110 милиони долари што таа земја ги блокираше на сметките на Euroclear-a, наведувајќи дека банката нема врска со властите во Русија и затоа не треба да трпи европски санкции, објави денес белгиската банка економски весник „Еко“.

Претставник на Банката Санкт Петербург за весникот вели дека руските претприемачи имаат акции на сметките на НСД во Euroclear-a и дека сè е замрзнато дури и ако претприемачите немаат никаква врска со санкционираниот режим.

Оваа руска банка веќе побара одмрзнување на акциите на сметките на НСД, но во еден од пакетите санкции на Европската унија од октомври, Советот на ЕУ донесе одлука со која се оневозможува ослободување на средствата кои се чуваат или депонирани кај НСД.

Слични содржини