Руската Дума го одобри нацрт-законот за велепредавство

од Stefanija Kuzmanovska

Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума одобри предлог-закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминувањето на непријателска страна за време на воениот конфликт во кој учествува Русија, соопштија денеска од Думата.

„Со оглед на тоа што измените на законодавството во оваа област се насочени кон безбедноста на Руската Федерација и зачувување на уставниот поредок, Комисијата за државни прашања и законодавство на Руската Дума го одобрува нацрт-федералниот закон и препорачува Думата да го прифати“, се вели во соопштението пренесено од ТАСС.

Руската Дума усвои закон со кој се санкционира чинот на велепредавство и преминување на непријателската страна за време на војната во која учествува Русија.

Слични содржини