Руската Дума свика вонредна седница

од Stefanija Kuzmanovska

Долниот дом на рускиот парламент ќе одржи вонредна седница на 15 јули, одлучи во понеделникот советот на парламентот, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека се уште не почнал сериозно да се занимава со војната во Украина.

Путин ја искористи средбата во четвртокот со парламентарните лидери за да ги предизвика САД и нивните сојузници да се обидат да ја поразат Русија во Украина.

Сите му се заблагодарија на Путин за неговите одлуки.

Рускиот парламент, во кој доминира партија која секогаш го поддржува Путин, не откри за што ќе се разговара на вонредната седница.

Владимир Василјев, претседател на партијата Единствена Русија, која има 325 од вкупно 450 места во парламентот, рече дека претставниците на седницата ќе разговараат за повеќе од 60 прашања.

Слични содржини