Руската Дума усвои закон: Забрана и казни за ЛГБТ пропаганда

од Stefanija Kuzmanovska

Руската Дума денеска го одобри третото читање на законот за забрана на пропаганда на нетрадиционални сексуални односи, педофилија и информации кои можат да наведат некого да побара операција за промена на полот.

Законот забранува ЛГБТ пропаганда во медиумите, на Интернет, како и во реклами, книги и филмови, пренесе ТАСС.

Законот ги забранува сите повици за промена на пол кај малолетниците на Интернет, во медиуми, книги, аудиовизуелни услуги, филмови и реклами.

Слични содржини