Руски академик соопшти кога можеме да го очекуваме крајот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот академик Вадим Покровски, раководител на одделот за научно истражување за превенција и контрола на СИДА во Централниот истражувачки институт за епидемиологија на руското државно тело за санитарен надзор и контрола (Роспотребнадзор), најавува крај на пандемијата на коронавирусот следната година.

Во интервју за радиостаницата „Говорит Москва“, Покровски посочува дека, од друга страна, туберкулозата, маларијата и ХИВ инфекциите, кои се шират побавно, но против кои нема вакцина, „нема да заминат никаде“.

– Мислам дека до крајот на годината ќе се зголеми оптимизмот и расположението на сите, а економската состојба ќе се подобри – заклучува Покровски.

Русија е на четвртото место во светот според бројот на заразени. Од пролетта, во земјата се регистрирани повеќе од три милиони случаи на коронавирус, вклучувајќи 2,45 милиони оздравени и над 54.000 починати, според „Руска реч“.

Слични содржини