Руски амбасадор наведе кои земји од ЕУ стануваат „легитимна руска цел“

од Stefanija Kuzmanovska

Шведското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе го покани рускиот амбасадор на средба и ќе го изрази своето незадоволство поради „обидот на мешање“ во процесот на пристапување на Шведска во НАТО.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО во 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина и се надеваат дека ќе го завршат нивниот пристапен процес оваа година.

Во изјавата на веб-страницата на амбасадата, рускиот амбасадор рече дека со пристапувањето во НАТО, нордиските земји стануваат „легитимна цел на руските одмазднички мерки, вклучително и мерки од воена природа“.

„Министерството за надворешни работи ќе го повика рускиот амбасадор и ќе му врачи протестна нота поради очигледниот обид за мешање (во процесот на пристапување во НАТО)“, изјави шефот на дипломатијата Тобијас Билсторм за новинската агенција ТТ.

Слични содржини