Руски амбасадор: Соработката со талибанците е неопходна онаму каде што е во интерес на Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот амбасадор во Кабул, Дмитриј Жирнов, изјави дека соработката со талибанците е неопходна онаму каде што е во интерес на Москва.

„Талибанците, без разлика како се однесувате кон нив, се реалност што не можете да ја избегнете. Затоа мораме да соработуваме со нив онаму каде што тоа одговара на нашите интереси и каде што се бара да се решат задачите со кои се соочува Русија“, изјави Жирнов во интервју за РИА Новости, пренесе „Гардијан“.

Разговорите меѓу делегацијата на авганистанското министерство за индустрија и трговија испратена од талибанските власти и руските партнери треба да започнат во Москва, рече Жирнов.

Кабул, исто така, планира да разговара за резервите на нафта, жито и сончогледово масло.

Слични содржини