Руски борбен авион „пуштил проектил“ во близина на британски извидувачки авион над Црното Море

од Stefanija Kuzmanovska

Руски борбен авион истрелал проектил во близина на невооружен извидувачки авион на Кралското воздухопловство на Велика Британија, кој бил во рутинска патрола над Црното Море, соопшти денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Како што вели тој, инцидентот се случил на 29 септември, по што Русија признала дека имало интеракција во меѓународниот воздушен простор.

Имено, на 29 септември два руски вооружени борбени авиони Су-27 имале интеракција со невооружен разузнавачки авион RC-135 на Кралските воздухопловни сили на Велика Британија.

Иако не е невообичаено авионите да бидат во сенка, сепак при таа интеракција се покажа дека еден од руските ловци испукал проектил во близина на британскиот извидувачки авион, надвор од визуелниот опсег.

Вкупното време на интеракција помеѓу рускиот и британскиот авион беше приближно 90 минути. Патролата потоа беше завршена и авионот се врати во базата, изјави Валас пред претставниците на Долниот дом.

Русија тогаш објави дека авионот го фрлил проектилот поради „техничка неисправност“, додека британскиот министер за одбрана целиот настан на 29 септември го нарече „потенцијално опасен“.

Британските патроли над Црното Море беа суспендирани неколку дена подоцна, но сега се обновени и се придружени со борбени авиони, додаде Валас.

Слични содржини