„Руски бродови транспортираат жито од Украина до Сирија“

од Stefanija Kuzmanovska

Бродови кои пловат под руско знаме ги превезуваат минатогодишните приноси од жито од Украина во Сирија, објави американската сателитска компанија „Максар“, која објави снимка од бродовите.

Снимката на „Максар“ покажува товарање жито на два товарни брода под руско знаме, закотвени во пристаништето на Крим Севастопол, контролирано од Русија, се вели во соопштението на компанијата, пренесува „Ројтерс“.

Неколку дена подоцна, сателитите на „Максар“ собраа снимки од истите бродови закотвени во Сирија, а камионите беа подготвени за транспорт на жито, наведува „Максар“.

Слични содржини