Руски експерт: Спутник V штити од ковид најмалку шест месеци

од Берта Китинска

Владимир Гушчин, експерт во Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија во Гамалеја, денес изјави дека вакцината за коронавирус, развиена од Институтот, Спутник V, обезбедува заштита од коронавирус за шест месеци.

„Имаме доволно податоци кои покажуваат дека имунитетот е дефинитивно зачуван во рок од шест месеци, па затоа би било добро да се изврши ревакцинација за да може да се обнови“, рече Гушчин, пренесува РИА Новости.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко претходно изјави дека Министерството за здравство има развиено пристап кон ревакцинација на населението и дека тоа треба да биде на секои шест месеци за време на врвот на епидемискиот бран, а ако нема нов бран може да биде  еднаш годишно.

Слични содржини