Руски електричен кросовер Evolute i-Sky

од Vladimir Zorba

Evolute i-Sky е нов руски електричен кросовер базиран на кинескиот модел Dongfeng Forthing Thunder.

Компанијата Motorinvest и нејзиниот бренд за електрични автомобили Evolute се задолжени за производство во Русија. Со ова се проширува палетата на возила на оваа нова руска марка, бидејќи веќе започна производството на компактниот кросовер i-Joy и седанот i-Pro, кои, исто така, имаат кинеско потекло.

Како и да е, производството на кросоверот Evolute i-Sky во фабриката во регионот Липецк треба да започне до крајот на вториот квартал од оваа година, а продажбата до крајот на летото.

Evolute i-Sky е долг 4600 mm, широк 1860 mm, висок 1680 mm и меѓуоскино растојание од 2715 mm.

Максималната тежина е 1900 кг, а тркалата се до 19 инчи.

Електричниот мотор има 150 kW/204 КС и 340 Nm, забрзувањето до 100 km/h трае 7,9 секунди, а максималната брзина е ограничена на 180 km/h.

За Evolute i-Sky е најавена батерија од 85,9 kWh и домет од 500 km.

Таблата со инструменти и мултимедијалните екрани (и двата по 10,25 инчи) се комбинирани во заеднички дисплеј.

Цените се уште не се официјално објавени, но руските медиуми очекуваат сума од околу 4 милиони рубљи (околу 48.000 евра).

Слични содржини