Руски функционер: Украина ќе биде федерација

од Vladimir Zorba

Руски политичар и назначен претставник на Владимир Путин во анектираниот Крим изјави дека е малку веројатно Украина да продолжи да постои во сегашната форма, пренесе РИА.

Георги Мурадов изјави дека „Украина најверојатно ќе стане федерација“ или „група држави“.

Тој додаде дека ниту една држава која се почитува себеси нема да толерира кршење на правата на нејзиниот народ во соседните држави, повторувајќи го ставот што Москва обично го посочува како објаснување за инвазијата на Украина.

Слични содржини