Руски „Гаспром“ утре ќе продолжи со редовната испорака на гас за БиХ

од Nikola Popovski

Испораките на руски гас во Босна и Херцеговина нема да бидат намалени, бидејќи од утре „Гаспром“ ќе ја испорача количината за која претходно било договорено, соопшти вечерва компанијата „БХ-гас“.

„БХ-Гас ја информира јавноста дека добивме потврда за првичната номинација на природен гас за 17 декември во 17 часот и 36 минути, што создава услови за сите потрошувачи на природен гас да имаат уредно снабдување со природен гас“, изјавиле од компанијата.

Ова значи дека „Гаспром“ ги информирал дека нема да ги намали испораките за 50 проценти во БиХ во наредните денови.

Од „БХ-Гас“ изјавиле дека е вистина дека Гаспром претходно ги известил за намаленото количество што планираат да го испорачаат во наредните денови „поради технички проблеми“.

Слични содржини