Руски генерал: Америка е вмешана во појавата на пандемијата на корона

од Nikola Popovski

Развојот на пандемијата на Ковид-19 според сценариото на вежбите одржани во Њујорк во 2019 година покренува прашања дека тоа било однапред испланирано, како и дека во тоа биле вклучени САД, изјавил началникот на руските Вооружени сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита, Игор Кирилов.

Кирилов изјави дека покренува прашања и високиот степен на подготвеност на американските производители на mRNA вакцини за пандемијата на новата инфекција.

Генералот потсети дека во 2019 година, односно два месеци пред првите официјални извештаи за појава на нова инфекција со коронавирус во Кина, универзитетот Џон Хопкинс, со поддршка на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, одржал вежби во Њујорк т.н. „Event 201“.

Според него, за време на овие вежби биле разработени акции во услови на епидемија на коронавирус, пренесува РИА Новости.

Тој тврди дека болеста била пренесена од лилјаци на луѓе преку посредник – организмот на свиња.

Кирилов изјави дека препаратите против замор на мускулите базирани на нанотехнологија биле незаконски тестирани на украински војници.

Станува збор за спроведување на „примарни клинички испитувања со употреба на C60 фулерени растворливи во вода за да се намали заморот на скелетните мускули кај војниците“.

Кирилов додаде дека финансирањето наметнато од колективниот Запад ги принудува земјите од постсоветскиот простор да ја сокријат вистинската природа на биолошкото истражување.

Слични содржини