Руски гувернер до мајките на загинатите војници: „Тие ѝ припаѓаат на државата“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Гувернерот на руската област Иркутск, Игор Кобзев, изјави дека руските војници кои гинат во борбите во Украина „ѝ припаѓаат на државата“. Контроверзниот говор на 56-годишниот водач на регионот лоциран во југоисточен Сибир се одржал за време на средбата со мајките на загинатите војници, пренесува Moscow Times.

„Од сега не ми припаѓаш на мене, ѝ припаѓаш на државата, татковината. Со чест и големо разбирање го предавам 18-годишниот син да служи во вооружените сили и тој сега е во рацете на државата“, ја цитирал Кобзев изјавата на мајка му кога се пријавил за воената академија.

На средбата, Кобзев им додели медали на мајките на загинатите војници и нагласи дека во Украина загинале само 28 жители на неговиот регион. Сепак, независните медиуми кои водат евиденција за смртта на руски војници тврдат дека од почетокот на руската инвазија загинале 122 војници од регионот Иркутск.

Независните медиуми успеаја да ги потврдат имињата на 9.000 руски војници убиени во Украина. Руската армија официјално признава помалку од 6.000 жртви и покрај големите неуспеси во нејзината деветмесечна инвазија.

Проценките на високи американски претставници зборуваат за 100.000 загинати, исчезнати или тешко повредени руски војници.

Слични содржини