Руски хакер: Украина еден цел ден остана без затворени комуникации

од Stefanija Kuzmanovska

Поради сајбер нападот во март, украинските власти ги загубија затворените комуникации и можноста за користење на интернетот 24 часа, изјавил денеска хакер од руската група РаХДлт, кој побарал да остане анонимен.

„На почетокот на март оневозможивме повеќе од 700 страници на украинските државни органи, практично целиот владин интернет. Ги исклучивме и тие не можеа да се борат против нас. Така, за еден ден, сите државни органи и сите сервери беа исклучени“, изјави тој за РИА Новости.

„Тоа значи губење на контрола, губење на врската, немаше затворени канали за комуникација, пренос на информации во текот на 24 часа и тоа беше силен удар за нив“, изјави неименуваниот хакер.

Слични содржини