Руски хакер: Загубите на украинските војници се многу поголеми отколку што е објавено

од Stefanija Kuzmanovska

Руската хакерска група „РаХдит“ во својот последен извештај наведува дека украинските загуби се многу поголеми од објавените од кабинетот на претседателот на Украина Владимир Зеленски, како и дека биле хакирани украинските безбедносни канали за комуникација.

Лидерот на хакерската група „РаХдит“ наведува дека загубите на украинската армија се големи. Тој исто така додава дека Кабинетот на претседателот на Украина Зеленски измислува бројки за бројот на загинати војници, пренесува руски „Спутник“.

– Загубите на украинските војници се навистина многу високи, многу поголеми отколку што објави кабинетот на претседателот на Украина – изјави рускиот хакер.

Тој го наведе точниот број на загуби.

– Претседателот Зеленски и другите украински политичари ги намалуваат бројките, сигурно не се 10.000 жртви како што велат од Киев, туку најмалку 50-70.000 се убиени – додаде рускиот хакер.

Хакер кој сакаше да остане анонимен истакна дека американската разузнавачка служба на украинските колеги им доставува податоци од радарски и сателитски снимки од територијата на Русија, кои потоа стануваат цел на ракетни и артилериски напади врз цивилното население.

Слични содржини