Руски и турски трупи почнаа со патролирање во Идлиб

од Ивана Рамаданова

Руски и турски трупи почнаа со својата прва заедничка патролна мисија долж автопатот М4 во сириската провинција Идлиб, во согласност со постигнатиот договор меѓу двајцата претседатели, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

Мисијата во која учествуваат руската воена полиција и турските трупи ќе ја надгледува руско-турскиот центар за координација. Целта на мисијата е да обезбеди примирје и безбедно движење на цивили по автопатот.

Руските претседатели Владимир Путин и Турција Реџеп Таип Ердоган се договорија во Москва на 5 март да биде прогласен прекин на огнот во Идлиб и да преземат голем број други мерки за подобрување на состојбата во таа сириска провинција.

Покрај тоа, Русија и Турција се согласија да воведат заеднички патроли долж автопатот М4 во провинцијата Идлиб.

Слични содржини