Руски инфлуенсер ја врза својата девојка, па ја возеше на покривот на автомобилот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Јавноста веќе е свесна за фактот дека Јутјуберите и сите други типови на инфлуенсери прават многу бизарни или некултурни работи со цел да го привлечат вниманието на јавноста и на медиумите, сепак, најновиот потег на рускиот инфлуенсер Сергеј Косенко надмина се.

Имено, инфлуенсерот ги запрепасти возачите кога излезе на улица во својот Бентли, на чиј покрив ја имаше врзано девојката.

Русинот Сергеј Косенко, исто така, ја врза својата рака за раката на девојката која локалните медиуми ја идентификуваа како Илона. Косенко возеше низ Москва во луксузна зелена лимузина, се со цел да го спроведе последниот во серијата таканаречени „тестови за доверба“ што парот ги снима за потребите на социјалните мрежи.

Инфлуенсерот подоцна го сподели видеото со своите пет милиони следбеници на социјалните мрежи. Меѓутоа, иако неговата партнерка успеа да остане фиксирана на автомобилот, имаше судир со друг автомобил.

Полицијата го казни со 750 рубљи.

Слични содржини