Руски лекар откри зошто КОВИД-19 е посебно опасен и по што се разликува од останатите коронавируси

од Nikola Popovski

Лекарот и директор на руската фармацевтската компанија „НоваМедика“, Захар Лејкин изјавил дека коронавирусот има уникатно својство – имено, РНК вирусите, во кој спаѓа и „Ковид-19“, мутираат многу брзо.

„Не постои циклус на репликација на вируси што го репродуцира истиот вирус. Секој циклус е нова мутација“, вели Лејкин.

Според него, вирусните честички не се повторуваат за време на генерацијата во клетките. Кога кинеските лекари предале неколку десетици видови вируси, кои ги извлекле за време на епидемијата во земјата, во нив веќе имало 149 мутации.

Лекарот објаснува дека неколку стотици видови на коронавирусот кружат меѓу живиот свет, а околу 40 кај човечката популација.

„Кога станува збор за сезонски инфекции, 15 проценти од патогените микроорганизми се предизвикани од коронавирусите“, рече лекарот и додал дека вирусната група предизвикува тешка пневмонија.

„Коронавирусот има можност да го размени својот генетски материјал помеѓу честичките. Тоа е т.н. рекомбинација. Не само што разменува вируси кај луѓето, туку и во дивиот свет, што се случи во Кина “, објасни Лејкин.

Слични содржини