Руски ловец повторно пресретна американски извидувачки авион над Црното Море

од Vladimir Zorba

Рускиот национален центар за контрола објави дека ловецот Су-27 пресретнал американски стратешки извидувачки авион над Црното Море.

Системите за контрола на воздушниот простор откриле воздушна цел над Црното Море, која се приближувала кон руската државна граница, пренесе ТАСС.

Ловецот Су-27 од силите за брза реакција на Јужниот воен округ пресретнал американски авион со цел да спречи кршење на руската државна граница, прецизира Националниот центар за контрола.

Во исто време, заменик-секретарот на рускиот Совет за безбедност Михаил Попов во интервју за рускиот весник рече дека има огромен пораст на разузнавачките активности на странски земји во близина на руските граници, наведувајќи дека над илјада странски авиони и беспилотни летала вршеле шпионски мисии минатата година.

„Разузнавачката активност на странските земји се зголеми многукратно“, потенцира Попов.

Слични содржини