Руски министер за нуклеарното оружје: Сè е запишано во воената доктрина

од Stefanija Kuzmanovska

Запрашан денеска дали Русија ќе ја исклучи можноста за превентивен тактички нуклеарен напад врз Украина, рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко рече дека одлуката за евентуална употреба на нуклеарно оружје е јасно објаснета во руската воена доктрина, пренесе РИА.

„Ние ја имаме нашата воена доктрина – таму е сè напишано“, рече Грушко, според извештајот на новинската агенција РИА, пренесе „Ројтерс“.

Официјалните принципи на руското воено распоредување дозволуваат употреба на нуклеарно оружје доколку тоа или други видови оружје за масовно уништување се користат против Русија или ако руската држава се соочи со егзистенцијална закана од конвенционалното оружје.

Слични содржини