Руски научници открија НОВ СИМПТОМ НА КОРОНА, веднаш одете на лекар ако го почувствувате ОВА

од Vladimir Zorba

Руски научници открија дека вкус на железо во устата може да биде еден од можните симптоми на Ковид 19.

Научниците од Далеку-источниот федерален универзитет, заедно со колегите од истражувачките центри на Русија и Јапонија, го открија механизмот на развој на коронавирус поврзан со оштетување на еритроцитите, кои се главната мета на Ковид-19

Во написот објавен во германското медицинско списание „Еуромедика Архив“, научниците известуваат дека вирусот САРС-КоВ-2 може да ја нападне коскената срцевина, не само оштетувајќи ги црвените крвни зрнца кои се веќе во крвта, туку и спречува формирање на нови.

„Целта на вирусот се еритроцитите, кои се одговорни во организмот за транспорт на хемоглобинскиот протеин, кој е богат со железо и кислород”, се вели во соопштението.

Научниците веруваат дека „мртвите еритроцити можат да предизвикаат оштетување на невроните во мозокот, крвните садови и внатрешните органи, кои веќе немаат доволно кислород“.

„Во тешки случаи, може да се појави откажување на повеќе органи, лицето всушност останува без свои црвени крвни клетки и почнува да се гуши. Респираторите не помагаат, бидејќи нема кој да пренесува кислород. За поефикасна терапија на такви пациенти, потребно е да се инјектираат црвени крвни клетки и витамин Б12“, се наведува во написот.

„Механизмот за поправка на оштетените еритроцити сè уште не е проучен. Предвременото распаѓање на црвените крвни клетки е примарна реакција на вирусот САРС-КоВ-2, кој се развива постепено. Пациентот може да открие дека има болест чувствувајќи го вкусот на железо, бидејќи хемоглобинот ослободен од црвените крвни зрнца во крвотокот се ослободува преку плунка“, се наведува во медицинско списание.

Според научниците, секој што има низок хемоглобин е во опасност. Како прво, тоа се постари лица со хипертензија, дебели, кои имаат дијабетес, бремени жени, пациенти со ослабен имунитет, заразени со ХИВ и пациенти со карцином.

„Вирусот влегува во епителот, каде што се размножува, а потоа влегува во крвотокот и напаѓа, може да ги нападне белите дробови, уринарниот систем и еритроцитите“, рече Галина Рева, професор на Одделот за фундаментална медицина на биомедицинскиот факултет на Далеку-источниот федерален универзитет.

Слични содржини