Руски научници тестираат вакцина против коронавирус во форма на јогурт

од Nikola Popovski

Претклиничките испитувања на руската вакцина против коронавируд во вид на јогурт, што се развива во „Центарот за персонализирана медицина“ во Санкт Петербург, треба да завршат во 2021 година, изјави директорот на Институтот за експериментална медицина (ИЕМ), Александар Дмитриев.

„Во моментов работиме на претклиничко истражување што планираме да го завршиме годинава. Ова е ферментиран млечен производ, вид на пробиотик со кој работиме 20 години, па дури и повеќе, имаме добро воспоставени технологии кои овозможуваат клонирање на генски фрагменти од патогени микроорганизми и добивање корисен вид, обично наречен кефир или јогурт“, изјавил Дмитриев за телевизијата „Русија 24“.

Дмитријев вели дека на научниците ќе им треба дополнително финансирање за да спроведат клинички испитувања и додаде дека технологијата на производство на лекови е крајно едноставна.

Масовната вакцинација против Ковид-19 започна во Русија на 18 јануари.

Вакцината „Спутник Ве“ (Спутник V), произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, што ја прави прва регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Слични содржини