Рускиот политичар Сергеј Тсеков изјави денеска за прорежимската руска новинска агенција дека на сите военоспособни мажи треба да им се забрани да патуваат во странство.
Тсеков додаде дека казните за избегнување воен рок треба да се зголемат од 3.000 на 50.000 рубљи.
Откако ќе се проучи практиката, можно е да се воведе кривична одговорност за избегнување на воен рок, тврди тој.
Да потсетиме, во Русија, откако претседателот Путин најави мобилизација на 300.000 резервисти за војната во Украина, почна егзодусот на мажите во соседните земји. На граничните премини со соседните земји се забележани огромни гужви, а авионските билети молскавично се распродадоа, а нивните цени достигнаа рекордни вредности.