Руски суд го казни ТикТок поради ЛГБТ видеа

од Nikola Popovski

Окружниот суд во Москва ја казни социјалната мрежа ТикТок со три милиони рубли (50.000 долари) по жалба на руското регулаторно тело за медиуми Роскомнадзор.

Роскомнадзор поднесе жалба поради видеата, кое го прекршува рускиот закон „против промовирањето на ЛГБТ, радикалниот феминизам и искривеното гледиште за традиционалните сексуални односи“.

ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија „BiteDance Ltd“, не ја коментираше пресудата.

Слични содржини