Руски војници, како дел од регионалните сили, пристигнаа во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Првите единици руски војници, кои се дел од регионалните трупи, пристигнаа во Белорусија, соопшти белоруското министерство за одбрана, пренесува РИА Новости.

„Во Белорусија пристигнаа првите ешалони со руски војници кои се дел од регионалната групација на војници. Војниците беа срдечно пречекани со леб и сол“, се наведува во соопштението.

Министерството за одбрана претходно објави дека рускиот дел од Регионалната група на сили ќе започне да пристигнува во Белорусија во следните неколку дена.

Слични содржини