Рускиот амбасадор: Ќе пристигнат уште 194.000 дози од Спутник V, не го знам точниот датум на испорака

од Nikola Popovski

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин денес од Штип даде изјава во врска со процесот на достава на руската вакцина Спутник V во Македонија.

„Договорот со рускиот фонд за директни инвестиции е потпишан во март за 200.000 руски вакцини и тие ќе пристигнат во земјава. До денес испорачани се 6.000 дози. Во моментот се работи за испораката на преостанатите количини од препаратот“, рече Бездникин, кој сепак не го посочува точниот датум на испорака.

Рускиот амбасадор потенцира дека Спутник V е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а ефикасноста за спречување на компликации од коронавирусот е 100 проценти.

„Руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот за да обезбеди испорака на вакцините во вашата земја“, потенцира тој.

loading...

Слични содржини