Рускиот амбасадор: Во блиска иднина ќе пристигнат новите пратки на Спутник V

од Nikola Popovski

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Александрович Баздникин на денешното официјално пуштање во функција на авиолинијата Москва-Скопје, на новинарско прашање изјави дека вакцините Спутник V во блиска иднина ќе пристигнат во Македонија.

„Руската страна се придружува до своите обврски и планира да обезбеди испорака на вакцини во рокот утврден со договорот. Меѓутоа, распоредот не е предвиден со договорот. Јас сум во постојан контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции. Иако амбасадата не е Рускиот фонд, сите обврски од нашата страна ќе бидат исполнети“, додава амбасадорот.

Досега Русија ѝ испорача на Македонија 6000 вакцини Спутник V.

Слични содржини