Рускиот амбасадор во САД: Изјавите на Кирби се навредливи и неприфатливи

од Vladimir Zorba

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјавите на портпаролот на Пентагон Џон Кирби за Русија ги оцени како „навредливи и неприфатливи“.

Во коментарот објавен на Телеграма на руската амбасада, Антонов напиша дека во Соединетите Држави станало норма „функционерите на администрацијата своите ставови да ги засноваат на непристојни лаги на украинските власти“, пренесува РИА Новости.

Амбасадорот Анатолиј Антонов смета дека Кирби треба да се засрами затоа што „извалка дел од униформата“.

Портпаролот на Пентагон го обвини Владимир Путин за „изопаченост“ и „суровост“ поради начинот на кој руските сили се однесуваат во Украина, каде што се обвинети за убиства на цивили, вклучително и деца.

Запрашан за време на прес-конференција за психолошката состојба на рускиот претседател во оваа фаза од конфликтот, портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби беше на работ на солзи додека зборуваше за страшните работи што им се припишуваат на руските сили.

Слични содржини