Рускиот амбасадор во САД се врати во Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska

Анатолиј Антонов, рускиот амбасадор во Соединетите држави, се врати во Вашингтон и повторно ја презеде должноста, бидејќи беше во консултации во Москва веќе три месеци, објави руската амбасада во САД.

„Во неделата, на 20 јуни, Анатолиј Антонов се врати во Вашингтон и ја презеде должноста“, се вели во твитот на руската амбасада.

Антонов пристигна во Вашингтон во неделата околу 18 часот по локално време, а неколку часа пред да пристигне во главниот град на САД, тој се состана со руските дипломати во Њујорк на аеродромот Џон Ф. Кенеди.

Американскиот Стејт департмент и Белата куќа сè уште немаат одговорено на прашањето на агенцијата Тас кога американскиот амбасадор Џон Саливан ќе се врати во Москва.

Договорот за враќање на амбасадорот беше постигнат за време на состанокот на претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, во Женева.

Антонов беше повлечен од Вашингтон за консултации во март откако Бајден изјави дека го смета Путин за убиец, а САД го повлекоа Саливан на консултации на 22 април.

Слични содржини