Рускиот министер за одбрана отпатува во Турција за да го потпише договорот за жито

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, е на пат за Турција, каде што ќе присуствува на церемонијата на потпишување на договорот со кој се овозможува продолжување на украинскиот извоз на жито преку море, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на денешните изјави на три неименувани извори.

На церемонијата ќе присуствува и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков, што ќе го означи првиот чекор кон олеснување на глобалната криза со храна, наведува британската агенција.

Кабинетот на претседателот на Турција соопшти дека денеска ќе се соберат претставниците на Русија, Украина и Турција за да потпишат договор за предлогот на Обединетите нации, со кој би се ослободил извозот на житарки од блокираните пристаништа на Црното Море.

Слични содржини