Рускиот патријарх Кирил позитивен на коронавирус, има изразени симптоми

од Stefanija Kuzmanovska

Патријархот московски и на цела Русија Кирил е позитивен на коронавирусот, соопшти Владимир Легојда, претставник на Синодот за односи со општеството и медиумите.

Тој изјави дека се откажани сите закажани средби и патувања на патријархот Кирил, пренесува РИА Новости.

Легојда рече дека патријархот има изразени симптоми на корона инфекција и дека треба да мирува и да биде во изолација.

Слични содржини