Рускиот премиер во посета на Кина: Притисокот на Западот ги зајакнува врските меѓу Москва и Пекинг

од Nikola Popovski

Притисокот од Западот ги зајакнува врските на Русија со Кина, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг на средбата со неговиот кинески колега Ли Џианг.

Русија се повеќе се свртува кон Кина за дипломатска и економска поддршка поради зголемената изолација предизвикана од нападот врз Украина.

Во воведниот говор на средбата со кинескиот премиер, Мишустин никогаш не ја спомна војната во Украина.

Кина, поради почит кон Москва, одби да ја критикува инвазијата и се фокусираше на економската соработка со Русија.

Мишустин изјавил дека односите меѓу двете земји се „на невидено ниво“, под влијание на „зголемени турбуленции на меѓународната сцена и притисок од Западот“.

„Народите на Русија и Кина ја негуваат својата историја, богата култура и традиција. Го поддржуваме понатамошниот развој на нашата култура, размена и комуникација“, рекол Мишустин.

Слични содржини