Рускиот регулатор ја блокираше веб-страницата на Навални и на уште 48 други луѓе и здруженија поврзани со него

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот регулатор Роскомнадзор ја блокираше веб-страницата на дисидентот Алексеј Навални, navalny.com и други 48 страници на луѓе и здруженија поврзани со критичарot на Кремљ, соопштија во понеделникот соработниците на Навални.

Леонид Волков, близок соработник на Навални, напиша на социјалната мрежа Телеграм дека тимот што работи за притворениот дисидент наскоро ќе објасни како планираат да ја заобиколат блокадата на Роскомнадзор.

Навални во моментов издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условна казна во 2014 година. Неговото затворање предизвика тензии во односите со Западот кои бараат негово ослободување.

Блокирањето на веб-страницата на Навални беше извршено неколку недели пред парламентарните избори во септември и по судската одлука во јуни со која се прогласија здруженија поврзани со Навални за екстремистички, прогласувајќи ги за незаконски.

Тимот на Навални се залага за стратегија за „паметно гласање“, што значи давање глас во секоја изборна единица на кандидатот кој е најголем противник на владејачката партија Обединета Русија.

Слични содржини